НБА играчот Пол Пирс кој најголем дел од својата кариера го помина во Бостон Селтик вели дека работите во најсилната светска лига се сменија кога се во прашање кошаркарите.

- Во денешно време играчите покажуваат дека можат да прават што сакаат. Веќе не постои лојалност кон клубовите. Тешко да се најде играч кој ќе остане верен на тимот 10-15 години. Секој сака да игра во одреден тим со играчи кои ги познава. Погледнете што правата и најголемите ѕвезди, Леброн, Дурант, Казинс..., изјави Пирс.

40-годишниот кошаркар кариерата ја почна во Бостон во 1998 година и таму остана 15 години. Потоа настапуваше за Бруклин, Вашингтон и ЛА Клиперс.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 10:07