Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу, истакна дека Андрес Иниеста ќе се врати во клубот.

Шпанецот ја напушти Каталонија по крајот на минатата сезона и кариерата ја продолжи во јапонски Висел Кобе.

- Тој заврши со настапите за нас како играч, но ќе се врати за други задачи. Разговарано е со него за тоа, соопшти Бартомеу.

Му се восхитува целиот фудбалски свет. Значи, тоа не беше конечно збогум со нашиот клуб, додаде првиот човек на Каталонците.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 15:02