Литванскиот кошаркар Повилас Гаидис е нов играч во составот на гевгелиската екипа Блокотехна.

Станува збор за кошаркар висок 208 сантимери, кој игра на позицијата центар.

Тој последните три сезони настапувал во Австрија, една во Грац и две во дресот на Гмунден.

Последната сезона одиграл 39 натпревари, а во просек реализирал по 7,7 поени и 4,8 скока.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 15:47