Huawei Consumer Business Group денес доби награда од Европската Асоцијација за слика и звук (EISA) која ја сочинуваат 55 најпочитувани списанија за потрошувачка електроника во светот. HUAWEI P20 Pro од Асоцијацијата беше прогласен за „EISA најдобар паметен телефон 2018-2019" како знак на признавање на посветеноста на Huawei на квалитетот, дизајнот и перформансите, како и за долгогодишната традиција на компанијата за произведување стилски, моќни и победнички уреди. Ова е шеста година по редHuawei да е признат од страна на EISA.
"За нас најважната награда е создавање производи кои им овозможуваат на потрошувачите да уживаат и да се забавуваат со фотографиите создадени со паметни телефони. HUAWEI P20 Pro нуди богатство од перформанси за вистински фотографии, со цел да им помогне на потрошувачите да ги фатат и споделат моментите што најмногу им значат", рече Ли Чанџу, потпретседател на Handset Business за Huawei Consumer Business Group.
EISA го избра HUAWEI P20 Pro за најдобар паметен телефон на годината како „најнапреден, иновативен и технички супериорен паметен телефон досега", како и за „совршен придружник за мобилни корисници, кој ги следи трендовите на полето на мобилната фотографија“.
Револуционерната тројна камера на Leica на HUAWEI P20 Pro може да се пофали со највисок вкупен број пиксели меѓу сите камери на паметни телефони на пазарот денес. Покрај тоа, таа поддржува 3x оптички зум и 5x хибриден зум, плус иновативни функции, вклучувајќи HUAWEI AIS (AI стабилизација на сликата).
Елегантниот дизајн на HUAWEI P20 Pro содржи речиси невидливи рамки и бои со нови градиенти. Благодарение на првиот чипсет со напојување со AI, телефонот обезбедува брзо и непречено корисничко искуство. Примарните карактеристики на камерата овозможуваат извонредно фотографирање при слаба светлина, што го прави еден од ретките уреди кои можат да фотографираат фотографии со долга експозиција, без статив, благодарение на AIS технологијата. Покрај тоа, батеријата од 4000mAh го позиционира HUAWEI P20 Pro меѓу паметните телефони со најголеми капацитети за батерии. Се на сé, HUAWEI P20 Pro претставува „победничка комбинација на одличен хардвер, оптика и занаетчиство", истакнаа од EISA.
Членови на EISA вклучуваат експертски медиуми од цел спектар на потрошувачка електроника од 27 земји и секој член придонесува за една или повеќе EISA Експертски групи – за фотографија, мобилни уреди, Hi-Fi, домашно кино, домашно кино и видео и електроника во автомобил. Секоја година членовите на EISA во секоја од овие Експертски групи номинираат листа на производи кои сметаат дека поседуваат извонредни перформанси. Номинациите потоа се презентираат и членовите спроведуваат детално разгледување пред гласањето за победник во секоја категорија.
Наградата ќе биде официјално доделена на Huawei на 31 август, во Берлин, за време на IFA, на церемонијата на доделување на наградите EISA.
Huawei како глобален технолошки гигант во својата програма покрива паметни телефони, персонални компјутери и таблети, преносни и облак услуги и слично. Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Компанијата има воспоставено шеснаесет центри за истражување и развој распоредени во САД, Германија, Финска, Шведска, Русија, Индија и Кина. Глобалната мрежа на Huawei се базира на повеќе од 20 години стручност во телекомуникациската индустријата и е посветена на обезбедување најнови технолошки достигнувања за потрошувачите од целиот свет.