Домаќинот на Струшкиот турнир, ракометниот клуб Струга, претрпе пораз од српскиот клуб Железничар на отворањето на 46-то издание на овој меѓународен турнир.
На отвореното игралиште „Женска плажа“ гостите од Ниш ги совладаа домаќините со 20:25.
Железничар од почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот, а на паузата замина со предност 12:14.
Во второто полувреме гостите ја зголемуваа разлика, која во еден момент изнесуваше и 18:25 за Железничар, а натпреварот заврши со конечни 20:25.
Во групата 2 освен Струга и Железничар се наоѓаат уште Алингсас (Шведска) и Констанца (Романија), а во групата 1 се Еурофарм Работник (Македонија), Целје (Словенија), Тулуз (Франција) и Бешикташ (Турција).