Атлетико Мадрид ги достигна Ливерпул и Ајакс во бројот на освоените трофеи во Супер купот на УЕФА. „Душекџиите“ синоќа во Талин по трет пат го дигнаа Супер куп трофејот по 2010 и 2012 година.

Ист број трофеи имаат и Ливерпул и Ајакс. Пред нив се Реал Мадрид со четири, како и Милан и Барселона со по пет наслови.

Од друга страна, Реал Мадрид загуби финале во евро-куп прв пат по 2000 година. „Кралскиот клуб“ изминатите 18 години во финалињата има пет победи во ЛШ и четири во Супер купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 10:45