Познатиот португалски фудбалски експерт Пауло Бенто е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја.
Бенто е поранешниот тренер на Спортинг, Олимпијакос и селектор на Португалија.
На новата функција го наследува Шин Тае-Јонг кој беше разрешен по Мундијалот во Русија на кој Корејците ја совладаа Германија (2:0), а загубија од Мексико (2:1) и Шведска (1:0).
Бенто се согласи на соработка до Светското првенство во 2022 година во Катар. Португалскиот тренер беше без ангажман осум месеци.