Младиот германски фудбалер Тило Керер премина од Шалке во Пари Сен-Жермен за 37 милиони евра, објави францускиот шампион.

Младиот 21-годишен стопер кој ги помина сите возрасни селекции на Германија потпиша петгодишен договор со парижаните.

- Со големо задоволство и амбиции, го потпишав договорот. Цела Европа знае колку добар проект е ПСЖ и не можев да изберам подобар клуб за напредок во мојата кариера, изјави Керер.

Тој е дете на Германец и мајка од Бурунди. Дебитираше за Шалке пред две години и оттогаш има забележано 58 настапи и четири погодоци за тимот од Гелзенкирхен.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 13:45