Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги загрижи навивачите со изјавата дека почнал да размислува за повлекување од националниот тим.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед во репрезентативниот дрес се гледа до завршувањето на Европското првенство во 2020 година.

- Мислам дека по ЕУРО 2020 ќе ја завршам репрезентативната кариера. Уште не сум го достигнал врвот. Сепак Белгија има и многу млади и квалитетни фудбалери кои треба да бидат наши наследници. Не планирам да го отстапам моето место во следните две години, апотоа можеби некој ќе го добие, истакна Лукаку.

Тој за националниот тим дебитира во 2010 година. На Светското првенство во Русија ова лето постигна четири погодоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 14:57