Гугл официјално објави повеќе детали за „Андроид 9.0 Пај“ („Гоу Едишн“). Ова е лесна верзија на платформата за поевтините паметни телефони. Првите уреди кои работат со неа ќе се достапни на пазарот до крајот на есента. Компанијата потврди дека главната разлика е поврзана со фактот дека „Андроид Пај Го“ ќе бара многу помалку вградена меморија. Првичните податоци откриваат дека системските датотеки ќе бидат за прибилижно 500МБ помали спрема „Андроид Орео Го“, пренесе „Покет Линт“ Другите големи подобрувања ќе бидат поврзани со брзината на подигнување на оперативниот систем. Освен дека е побрз „Андроид Пај Го“ ќе ги предложи и најновите ажурирања во сферата на безбедноста. На крајот, тоа ќе им овозможи на повеќе луѓе да имаат пристап до новите функции во платформата, но исто така на најдобар начин ќе обезбеди безбедност на паметните телефони од ниската ценовна класа. Платформата исто така ќе им овозможи на корисниците да работат со основната верзија на Андроид. Првиот „Андроид Пај Го“ паметен телефон ќе биде достапен до крајот на годината. Масовниот прилив на слични уреди нема да се случи до 2019 година. Постојат над 200 различни модели на водечки производители кои се продаваат во повеќе од 120 земји, кои се компатибилни со „Андроид Пај Го“. Имаме сите причини да веруваме дека нивниот број ќе се зголеми понатаму во наредната година. Останува да се види кој ќе биде првиот паметен телефон со „Андроид Пај Го“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 18:13