Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, им се извини на навивачите за одложувањето на отворањето на новиот стадион „Вајт Харт Лејн“. Според тренерот, работата на играчите е да се реваншираат на навивачите со добри перформанси на теренот. Новиот „Вајт Харт Лејн“ требаше да биде подготвен во средината на септември - при дуелот на „петлите“ дома со Ливерпул, но во почетокот на оваа недела стана јасно дека завршувањето на активностите ќе биде одложено за неколку месеци. - Доцнењето е разочарување за секој од нас. Сакам од името на клубот и играчите да им се извинам на сите навивачи. Луѓето кои се занимаваат со стадионот, прават се што можат тој да биде подготвен навреме. Напорите се големи, го гледаме тоа секој ден. Го разбирам разочарувањето на сите, но нашата работа на теренот е да сме позитивни, изјави Аргентинецот. Тотенхем ја започна убедливо новата кампања во Премиер Лигата. Тимот од Лондон го совлада Њукасл со 2:1 при нивната посета на „Сент Џејмс Парк“, а следниот викенд го пречекува Фулам на Вембли.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 18:19