Синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, Жоао Мендеш, се обидел да го скрие својот идентитет за време на пробите во бразилскиот клуб Крузеиро, пренесе „Globoesporte“. Тринаесет-годишниот Жоао сакал да ги импресионира тренерите во тимот со својата игра, а не со името на легендарниот татко. Според изданието, тој успеал да го фасцинира извидништвото со своите квалитети, но се уште не може да потпише договор со клубот заради возраста. Пред тоа, тинејџерот тренирал и за поранешниот тим на Роналдињо - Пари Сен Жермен, кои имаат своја база во главниот град на Бразил.