Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски постигна „хет-трик“ за АЕК Ларнака во реванш дуелот од третото квалификациско коло за Лига Европа против австриски Штурм во кој неговиот тим победи со 5:0. Напаѓачот беше прецизен во 8-та, 67-та и во 80-тата минута за тимот од Кипар и со тоа обезбедија пласман во плеј-оф рундата за место во групната фаза од Лига Европа. На првиот дуел во Австрија тимот од Кипар победи со 2:0, a и тогаш еден од головите беше дело на репрезентативецот на Македонија