Српскиот клуб Железничар ја забележа и втората победа во групната фаза на 46. Струшки ракометен турнир.

По триумфот над домаќинот Струга, тимот предводен од Веселин Вујовиќ победи и против шведски Алингсас со 23:20 (10:5).

Во последното коло Железничар против Констанца ќе се бори за првото место во групата и пласман во финалето, а за тоа му треба само бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 21:11