Милан го привлече левиот бек на Џенова, Диего Лаксалт за 18 милиони евра, соопштија официјално од клубот. Дваесет и четири-годишниот играч веќе ги поминал лекарските прегледи и веќе се појави на тренингот за „росонерите“. Лаксалт веќе има сериозно искуство во италијанскиот шампионат, откако се приклучи на Интер во 2013 година, но не успеа да се наметне и беше даден на трипати на изнајмување - во Болоња, Емполи и Џенова. Токму во неговиот последен тим тој го покажа својот потенцијал, откако одигра 117 натпревари и забележа 12 асистенции за Џенова. Уругваецот одигра и силни натпревари за Уругвај на минатото Светско првенство во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 12:55