Лидерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ќе се опоравува во наредните три месеци, објавија од „Етихад“. Дваесет и седум-годишниот белгиски репрезентативец заработи повреда на лигаментите на десното колено на тренингот во средата. Лекарите сепак одлучиле дека операција не е потребна. Халфот ќе биде третиран со одмор и физиотерапија. Де Бруин, кој забележа 12 погодоци и 21 асистенција во минатата сезона во Премиерлигата, ќе ги пропушти клучните судири со Ливерпул (7-ми октомври), Тотенхем (28 октомври) и Манчестер Јунајтед (11 ноември).



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 14:56