По неколку години поминати во Европа во Челзи, Париз Сен Жермен, Реал Мадрид и Баерн Минхен, Карло Анчелоти се врати во Серија „А“. Последниот натпревар на Карло во Италија беше на чело на Милан на 31 мај 2009 година против Фиорентина. Утре вечер, Анчелоти ќе го изведе Наполи против тимот на Лацио во нов обид да го предизвика Јувентус за шампионската титула. - Многу сум возбуден бидејќи се враќам во Италија за девет години. Многу работи се сменија, но среќен сум што сум тука. За жал, она што се случи во Џенова го смени расположението на сите во Италија. Беше мудра одлука дуелите на двата тима од Џенова да бидат одложени. Ние ќе ја прифатиме секоја одлука на федерацијата, започна Анчелоти на денешната прес-конференција во врска со трагедијата, во која загинаа над 35 лица. Во однос на играта на неговиот тим, тој рече дека ќе ја задржи тековната шема, но ние ќе ја промени играта. - Во пријателските натпревари, немавме рамнотежа, но работевме на тоа и сигурен сум дека нема да го имаме овој проблем утре. Никогаш не сум бил уморен од успеси. Се сеќавам повеќе на победите, отколку на поразите. Тифозите веќе долго време ја очекуваат титулате и затоа сме тука. Сакаме да ги израдуваме сите фанови во Неапол, продолжи искусниот ментор. Во однос на утрешниот противник, Италијанецот вели: „Лацио е многу силен и организиран тим. Инзаги направи одлична работа со квалитетни играчи. Мечот ќе биде одличен бидејќи ќе играме со многу брзо темпо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 15:33