Македонскиот шампион Шкендија во баражот за пласман во групната фаза од Лига Европа ќе се соочи со норвешкиот клуб Розенборг.

Првиот натпревар меѓу Розенборг и Шкендија ќе се игра во Норвешка на 23 август, а реваншот во Скопје на 30 август.

Претходно, македонскиот првак беше елиминиран од Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 16:06