ФИФА му одреди казна во висина од 46.200 евра на Атлетико Мадрид поради „влијание на трета страна“ при активностите поврзани со трансферите.

Според Дисциплинската комисија шпанскиот клуб потпишал договор со кој било „овозможено“ надворешно влијание.

- Дисциплинската комисија го санкционираше Атлетико Мадрид со парична казна од 46.200 евра и испрати предупредување до шпанскиот клуб поради кршење на Правилникот за трансфери. Утврдено е дека клубот е одговорен за склучување на договор, кој и овозможил на трета страна да влијае на независноста на клубот во врска со работата и трансферите, како и дека се внесени неточни информации во базата на Меѓународниот систем за ускладување на трансферите, стои во соопштението од ФИФА.

Атлетико и претходно имаше проблеми со трансферите воглавно со млади играчи, поради што беше забрането извесен период клубот да ангажира нови засилувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 17:28