Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан ќе продолжи да го носи дресот на „Црвените ѓаволи“ и во новата сезона. Италијанскиот репрезентативец беше поврзуван за трансфер во различни тимови од Серија „А“, меѓу кои Јувентус, Наполи и Интер, но на крајот никој од нив не испрати понуда која ќе одговара Англичаните и не дојде до трансфер. - Не мислам дека Дармијан ќе замине. Тој не може да има лоши чувства кон нас, бидејќи ние ја отворивме вратата за негов трансфер, но изгледа таков нема да има. За мене е добра вест дека тој останува. Тој е фудбалер на кој секогаш можам да сметам и секогаш се обидува да даде се од себе за тимот. Тој е подготвен да игра како лев бек, како десен бек, да влезе како замена без да се пожали. Сите во клубот го сакаат и поради човечките квалитети, изјави вчера Жозе Мурињо по тој повод.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 11:19