Романската екипа Доброгеа Суд, предводена од поранешниот селектор на Македонската ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски, е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, откако утрово го декласира домаќинот. Убедливо со 37:19 (18:5) ја победи екипата на Струга и обезбеди место во финалето на турнирот.
Екипата на Доброгеа Суд во која настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски уште во првиот дел го реши прашањето на победникот со 13 голови разлика на полувреме.
Играта во второто полувреме беше поопуштена и гледавме отворен ракомет на двете страни со многу голови, кој го добија гостите.