Пред една година, „Ејпл“ сериозно ги зголеми цените на паметните телефони, а „Ајфон X“ ја прескокна психолошката бариера од 1.000 долари.

Според анализата на „TrendForce“ компанијата од Купертино нема да се обидува да прави нешто слично оваа есен, барем во највисоката ценовна класа.

Од изданието објавија дека релативно слабата побарувачка за јубилејниот модел доведе до одредено отрезнување кај раководството на „Ејпл“. Затоа ќе бидат понудени три различни уреди, кои исто така ќе бидат во различни ценовни категории.

Според прогнозите, 6.1-инчниот модел со ЛЦД дисплеј ќе се продава во опсег 700-750 долари, што е малку над нивото на минатогодишниот „Ајфон 8“. Двата телефони со АМОЛЕД екрани пак ќе бидат позиционирани ценовно околу „Ајфон X“. Опцијата со 5.8-инчен панел ќе чини меѓу 900 и 950 долари и ќе биде поевтин од минатогодишниот предводник при неговата премиера.

Имено, 6.5-инчната верзија ќе биде достапна за 1.000 долари во својата основна верзија. Во овој случај, според „TrendForce“, целта на „Ејпл“ е да не ги одбива дополнително корисниците со цена.

Другата интересна подробност е дека иглата „Ејпл Пенсил“ ќе биде компатибилна со најновите модели, што пак ќе ги претвори во директни конкуренти на „Галакси Ноут 9“, кој се нуди за слична сума.

Според „TrendForce“ 6.1-инчниот модел со ЛЦД дисплеј ќе се претстави најсилно и би требало да донесе околу 50 отсто од вкупната продажба на Епл.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 14:25