Вчерашниот ден дефинитивно беше еден од најтажните за навивачите на кошарката, не само во Шпанија, но и во целиот свет, откако легендата Хуан Карлос Наваро, одлучи да стави крај на славната кариера. Денеска еден од најдобрите пријатели и соиграчи на Наваро - Пау Гасол исто така, изрази восхитување од легендата на Барселона. Двократниот НБА шампион на Твитер пушти емотивна порака за својот долгогодишен соиграч во репрезентацијата. -Она што го направи и го даде на кошарката во текот на овие години не може да се изрази со зборови. ТИ БЛАГОДАРАМ! Дури и големи букви не се доволни за да ти ја покажам мојата благодарност и колку многу нѝ значиш на сите нас кои ја сакаме оваа игра. Беше повеќе од чест да бидам до тебе сите овие години и сигурен сум дека што и да одлучиш да правиш следно, ќе биде значајно. Ти благодарам, Наваро, напиша центарот на Сан Антонио.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 15:11