Поранешниот репрезентативец на Германија и легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус даде свое мислење за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Според светскиот шампион со „панцирите“, Португалецот ќе и помогне на „старата дама“ да се доближи до најголемите во Европа, но не може да гарантира дека Јуве ќе го освои лесно така посакуваниот трофеј во Лигата на Шампионите.

- Роналдо веќе не се наоѓа во најдобрата фудбалска возраст. Мислам дека фокусот на Јуве ќе биде Лигата на шампионите. Тоа е местото каде што Роналдо може да го покаже најдоброто од себе. Мислам дека Јуве ќе има сериозна конкуренција во Наполи и Интер. Шампионатот ќе биде поинтересен по седум последователни титули на тимот од Торино. Јувентус ќе биде уште поопасен против топ тимовите токму поради Роналдо. Тие можат да се доближат уште до најголемите тимови, но не би рекол дека ќе бидат рамо до рамо со нив само поради Роналдо, изјави Лотар Матеус.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 15:16