Официјалното деби на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус беше во центарот на вниманието на италијанските медиуми по отворањето на овогодинешното првенство.
Португалецот не успеа да постигне погодок против Киево, а за победата „бјанконерите“ требаа доста да се помачат, откако Федерико Бернардески реализира во последните моменти од средбата.
Медиумите ја анализираа презентацијата на поранешниот играч на Реал Мадрид. Сите се согласија дека Роналдо играл добро, а „Ла Стампа“, истакна дека напаѓачот „сакал да остави трага, но брзо сфатил дека Серија „А“ е различна од „Ла Лига“.
„Кориере дело Спорт“ стави акцент на тоа дека Роналдо имал водечка улога на теренот и бил „големиот херој на зелениот терен во Верона“, додека „Ла Република“ забележува дека Роналдо играл добро, но решавачки бил Бернардески.
Авторитетното издание „Газета дело Спорт“ излезе со следниов наслов: „Деби без голови за Роналдо, одлучувачки гол на Бернардески во 93-та“. Од предметниот медиуми не пропуштија да му посакаат добредојде на Роналдо во шампионатот на Италија.
Трансферот на Роналдо кај „Старата дама“ се случи во јули. За него, шампионот на Серија „А“ даде 117 милиони евра на „кралскиот“ клуб од Мадрид.