Капитенот на Интер, Мауро Икарди потпиша нов договор со италијанскиот клуб, пренесе „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, клаузулата за откуп во новиот договор на аргентинскиот напаѓач изнесува 160 милиони евра. Во претходниот договор, таа изнесувала 110 милиони евра.

Новиот договор му донесе е подобрени финансиски услови, според кои Икарди ќе добива осум милиони евра годишно, откако досега добиваше 4,5 милиони евра. Договорот е продолжен за две години - до крајот на сезоната 2022/2023.

Икарди игра за Интер од 2013 година и има 107 гола во 182 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 13:05