Германската Влада соопшти дека не направила никаков подготвителен план во случај да се појават вонземјани на територијата на земјата.

Во одговор на прашањето од пратеникот Дитер Јанечек, од опозициската партија „Зелени“, Владата во Берлин наведе дека „не постои протокол или планови за потенцијален прв контакт со вонземјани“.

Со цел да го оправда ставот, Владата наведе дека верува „оти мала е веројатноста да слетаат вонземјани на германската земја, со оглед на денешните научни истражувања“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 13:22