Фудбалерот на Челзи, Еден Азар изјави дека нема да го напушти клубот. Тој додаде дека нема намера да бара нов клуб, бидејќи би ги ставил „сините“ во прилично непријатна ситуација. Белгиецот е поврзуван со Реал Мадрид од летото 2017 година, но досега не е постигнат договор. - Јас нема да го напуштам Челзи. Јас нема да си одам. Прозорецот во Англија е затворен, па дури и да можам да направам излезен трансфер, клубот нема да може да привлече мој заменик. Покрај тоа, би било чудно шефовите на Челзи да ме пуштат во друг тим, без да имаат друга опција, додаде полудефанзивецот.