Македонските ракометари до 18 години загубија во дуелот за третото место од Швајцарија со 35-31 (16-16) на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Грузија. Дуелот беше доста изедначен и на пет минути пред крајот резултатот на семафорот гласеше 28-28. Швајцарците постигнаа неколку брзи гола, а највисока предност Швајцарија имаше во последните минути, при резултат 35:30. Серафимов постигна седум гола за нашиот тим, а Костески го следеше со шест. „Црвено-жолтите“ го совладаа денешниот противник во групната фаза, но Швајцарците кога требаше успеаја да ни се реваншираат и да го освојат третото место. Шансите за влез во „А“ дивизијата, сепак беа загубени со вчерашниот пораз од Белорусија.