Екипата на „Вардар“ денеска ја оствари првата победа во новото првенство на ПМФЛ, откако стигна до трите бода во дуелот со тетовска Ренова.

„Црвено-црните“ забележаа победа благодарение на голот на Тигран Барсегјан во 75-тата минута.

Вардарци имаа доминација на теренот и сосема заслужено стигнаа до триумф.

И покрај иницијативата во финишот од средбата на домашниот тим кој се обиде да стигне до гол, сепак, немаше смена на резултатот и „Вардар“ ги освои првите три бода за сезоната 2018/2019.

Во друг натпревар од пладневната програма, шампионот на Македонија, Шкендија одигра без голови против Македонија Ѓорче Петров и по две кола се уште нема победа во новата сезона.

Тетовци имаа неколку стопроцентни шанси да постигнат гол, но сепак немаа среќа на теренот во Ѓорче Петров.

Резултати од 2.коло на ПМФЛ:

Беласица - Академија Пандев 0-2 Македонија Ѓорче Петров - ФК Шкендија 0-0 Шкупи - Победа 0-0

Вчера Работнички беше подобар од Силекс со 2-1.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 10:37