Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, по синоќешниот пораз од Сасуоло (1:0) во 1.коло од Серија А, рече дека лошиот терен имал големо влијание на крајниот исход.

-Домаќините играа на контра напади. Беа концентрирани на одбрана и тешко е да се игра против такви екипи. Посебно тоа се однесува на овој натпревар, бидејќи теренот беше многу лош за игра „од нога на нога“. Сасуоло не создаде некои шанси, туку пеналот го одлучи победникот, изјави Сапалети.

Интер важеше за голем фаворит со оглед на засилувањата во трансфер рокот. Еден од новите играчи е и Бразилецот Далберт.

- Далберт не се движеше доволно брзо. Тој сигурно може подобро и очекувам тоа д аго покаже на следните натпревари, додаде тренерот Спалети.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 10:57