Шпанскиот шампион Барселона ќе му понуди нов договор со поповолни финансиски услови на својот фудбалер Серхио Бускетс, објави „Мундо Депортиво“.

Според ревидираниот договор, Бускетс ќе треба да остане во каталонскиот клуб до 2023 година, две години подолго од времетраењето на актуелниот.

Што се однесува на откупната клаузула, таа ќе се зголеми од 200 на 500 милиони евра, а фудбалерот ќе добие поголема плата.

30-годишниот Букстес целата професионална кариера досега ја помина во Барселона.

Од 2009 година е шпански репрезентативец.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 12:44