Телевизискиот документарен филм за освојувањето на минатогодишната титула на Манчестер сити неочекувано предизвика многу тензии, а за тоа најзаслужен е тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, кој се обиде да го испровоцира градскиот ривал.
Во еден дел од документарниот филм се говори за првото дерби на ривалите од Манчестер на „Олд Трафорд“, а тоа е опишано како средба на напаѓачкиот фудбал (Сити) и паркираниот автобус (Јунајтед).
Мурињо ова го сфати како непочитување и нагласи дека „класата не може да се купи“, алудирајќи на градскиот ривал. Но тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, не пропушти можност да му одговори по големата победа против Хадерсфилд.
- Мурињо е во право, класата не може да се купи. Мислам дека одигравме одлична сезона и тоа го потврдивме. Тоа го прават клубови кои сакаат да растат, да освојуваат титули. Но, Мурињо има свое мислење и тоа е така, нагласи Гвардиола.
Сити во второто коло на Премиер лигата оствари убедлив триумф од 6:1 против Хадерсфилд, а Јунајтед и покарај фаворитската улога беше поразен од Брајтон со 3:2.