Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели ќе остане во Ница најмалку уште една сезона, објави францускиот клуб на својата официјална веб-страница.

Ова ќе биде трета сезона во дресот на Ница за 28-годишниот фудбалер.

Балотели досега има постигнато 43 голови за францускиот прволигаш.

Пред почетокот на новата сезона се шпекулираше дека Балотели ќе се врати во Италија, а имаше и најави за негова можна преселба во Премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 10:08