Компанијата Мајкрософт соопшти денеска дека открила нови обиди за руски кибер-напади врз американски политички организации пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.

Според софтверскиот гигант, група хакери поврзани со руската влада се обиделе да извршат кибер-напади врз Институтот Хадсон и Меѓународниот републикански институт. Нападите, сепак, не успеале.

И двата американски организации за аналитика соопштија дека тие станале цели за кибер-напади поради нивната активност.

Според американските тајни служби, Русија се мешала во американскиот изборен процес во 2016 година токму преку кибер-просторот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 11:49