Раководството на Барселона е подготвено да го ослободи играчот од средниот ред Иван Ракитиќ, објави „Мундо Депортиво“.

Според изворот, Каталонците би можеле да го продадат 30-годишниот хрватски репрезентативец за надомест од 125 милиони евра.

Интересот за Ракитиќ покажува ПСЖ. Во моментов, парижаните немаат официјална понуда до шпанскиот клуб.

Исто така, новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач сака во своите редови да го има сонародникот од Барселона.

Ако трансферот се случи за дадениот износ, Ракитиќ ќе стане најскапиот играч во светот на возраст над 30-години.

Во моментов, рекордот му припаѓа на Кристијано Роналдо, кој се пресели од Реал Мадрид во Јувентус за 117 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 13:11