Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до еден часот по полноќ доколку Англија или Шкотска стигнат до полуфиналето на Европското фудбалско првенство летово во Германија, соопшти британската Влада.

Поголемиот број пабови во Велика Британија се затвораат до 23 часот, но Владата може да нареди продолжување на работното време.

Продолжувањето на работното време важи во Англија и во Велс, додека Шкотска и Северна Ирска ќе одлучуваат независно.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2024 04:28