Рускиот репрезентативец Глеб Калараш (27) е нов член на РК Вардар. „Црвено-црните" потпишаа едногодишен договор со пивотменот и тој веќе го одработил првиот тренинг со екипата. Калараш, кој е висок 205 см, играше на ЕП 2016 во Полска и на СП 2017 во Франција за Русија. Тој беше дел и од неодамнешниот бараж дуел против Чешка, а „Зборнаја" се пласираше на следното СП 2019. Во Русија, Калараш настапувал за вториот тим на Чеховски Медведи и за екипата на Нева од Санкт Петербург. Во последната сезона Калараш ги бранеше боите на Магдебург каде настапуваше и во Купот на ЕХФ. Во Бундеслигата одиграше 28 натпревари и постигна 17 гола.