Во периодот од 23 до 28 август 2018 година поради претстојните културни настани во рамки на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“, ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје на Крива Паланка.

Од 24 до 28 август на градскиот плоштад ќе се одржат повеќе манифестации од летната културната програма: Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“, кој ќе трае три дена, од 24 до 26 август, музички фестивал „Џојфест 2018“, на 25 август, концерт на Јелена Томашевиќ на 27 и на 28 август, Пресвета Богородица, ќе се одржи литија на Св.Јоаким Осоговски.

Од локалната самоуправа на општина Крива Паланка ги информира граѓаните и туристите дека за времетраењето на јавните собири и настани, од 23 до 28 август ќе биде забрането паркирањето автомобили во централното градско подрачје, долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ на потегот од т.н Соларски мост до Градскиот музеј, на двата крака од улицата, како и на сите површини околу градскиот плоштад, вклучително и паркинзите пред „Турист“ и „Македонски пошти“.

- Се укажува граѓаните кои живеат на главната улица да ги препаркираат своите возила на другите слободни површини предвивени за паркинг во делот на гардскиот пазар или кај меѓуградската автобуска станица. Во петок, 24 август, во периодот од 18 до 19 часот ќе биде забранет сообраќајот во двата правци на потегот од Осичка маала, до Градски музеј, заради свеченото дефиле на учесниците на фолклорниот фестивал, додека од 19 до 22 часот ќе биде забранет сообраќајот од Соларски мост до Музејот поради одржување на прва вечер од Меѓународниот фолклорен фестивал, истакнаа од службата за информирање при општината.

Забраната за сообраќање на возила на главната улица во сабота, 25 август, ќе трае од 17 до 24 часот, на потегот од населба Бавчалак до Граски музеј, и од Соларски мост до Музејот во периодот на одржување на втората фестивалска вечер и фестивалот „Џојфест“.

На потегот од населба Житен склад до градски плоштад, сообраќајот ќе биде забранет во недела, 26 август, од 18 до 19 часот, додека од 19 до 22 часот, од Соларски мост до Музејот. И во понеделник, 27 август, во периодот од 19 до 24 часот сообраќајот на овој потег ќе биде забранет, поради оджување на концертот на Јелена Томашевиќ.

Од општина Крива Паланка информираат и дека во вторник, за време на одржуавње на црковната свеченост Литија на Св.Јоаким Осоговски, сообраќајот ќе биде забранет од црквата Св.Димитриј до зградата на општината на плоштадот „Карпошово востание“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 17:41