Џимејл стана предмет на бројни промени од почетокот на годината досега, а секоја од нив е направена со цел да се олесни работата на корисниците. Компанијата веќе дистрибуира нова верзија на својот популарен клиент за е-пошта за Андроид паметните телефони. Најинтересно подобрување е можноста корисниците да го откажат испраќањето на пораки, односно да ја избришат откако ја испратиле. Досега оваа функција беше достапна само за веб-верзијата на Џимејл, објави „ЦНет“.
Во секој случај, оваа иновација ќе им се допадне на многу сопственици на смартфони. На крајот, најверојатно на секој му се случило по грешка да го притисне „испрати“ копчето и да испрати недовршен мејл или на погрешна адреса. За во иднина ќе може лесно да се справи со ситуацијата по инсталирањето на „Џимејл 8.7“ верзијата на апликацијата од Гугл Плеј. Исто така постојат и традиционални безбедносни „закрпи“ кои ги отстрануваат тековните грешки во Џимејл.
Откако ќе испратите е-пошта, ќе видите порака на дното што ви овозможува да ја „повлечете“ уште пред да биде видена од страна на примачот. Кликнувањето на копчето „откажи“ ќе ве врати во полето за пораки. Во случај да не го изберете ова копче ќе имате друга опција да се откажете од испраќање на е-пошта со дополнителното копче „врати“. Оваа опција најдобро функционира со Џимејл профилите и може да има одложување на сметките во други услуги за е-пошта.