Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство од „Б“ дивизијата со пораз од Исланд со 64-55 (24-29). Македонските кошаркарки имаа сила само за едно полувреме, а во второто противникот ги презеде работите во своите раце и на тој начин избраничките на Стојна Вангеловска доживеаја нов пораз и завршија на последно место во групата „Б“. За нашите репрезентативки ова беше петти пораз во петтиот меч. Најдобар стрелец за „жолто-црвените“ беше Николиќ со 19 поени, додека Илина Селцова постигна 10. По овој пораз, нашите кадетки ќе се борат за пласман од 17 до 23 позиција на првенството во Подгорица.