Точно 207.020 денари беа собрани на хуманитарниот настан за помош во лекувањето на охриѓанката Јана Арсовска, која храбро се соочува со уште еден голем предизвик во својот живот и во моментов се наоѓа на лекување во Германија.

Јана престојува на малтешката клиника во Фленсбург, и во следниот период треба да и се изврши трансплатација на коскена срж, а со цел да и се помогне нејзиното лекување, како и престојната медикаментска фаза и идните контроли кои треба да се прават во клиниката, хуманите охриѓани на 19-ти овој месец организираа хуманитарна забава, за, како што велат: „нашата и ваша другарка, пријателка, соработничка Јана Арсовска“.

- Почитувани, од срце Ви се заблагодаруваме за вашата поддршка! Голема благодарност до бродовите „Александрија“, „Галеб“, „Кристина ројал“ со целокупниот персонал, Shine (Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов), групите Balter и Betty`s Boobs, Dj Face… кои се погрижија за незаборавна забава, и сите останати кои на кој било начин придонесоа и помогна за организација на овај хуманитарен настан. На крај секако до сите Вас драги пријатели, другари, соработници кои покажавте и докажавте дека Охрид е хуман град. Направивме нешто, со кое на некој начин успеавме да возвратиме за целата љубов, посветеност, работа која Јана ја вршеше сите овие години, и го презентираше нашиот Охрид во најдобро светло. Вкупниот промет од продажбата на картите и пијалоците од хуманитарната забава „Од срце за Јана“, во износ од 207.020 денари е уплатен на трансакциската сметка од Јана Арсовска. Нашата битка не застанува тука, борбата на Јана продолжува, која како докажан борец, ќе се врати како победник дома, сигурни сме во тоа и заедно ќе водиме уште многу заеднички битки, за подобро утро на сите нас, порачуваат организаторите.

Јана не остана рамнодушна на големата хуманост на нејзините сограѓани, и уште истата вечер на својот профил на Facebook напиша:

Драги мои, од срце Ви заблагодарувам за вашата љубов и поддршка! Оваа вечер сите бродови пловат во името на една долга борба за победа, а јас Ви ВЕТУВАМ дека ќе се вратам како победник, во мојот Охрид, покрај моето езеро, за да може заедно да пловиме во нови предизвици што живот значат. Оваа вечер сите бродови пловат во името на љубовта и пријателството, столбовите на мојата насмевка и среќа. Драги мои, Ви благодарам што оваа вечер ми ја посветивте мене, а јас ви го посветувам МОЈОТ НОВ ЖИВОТ <3 Ве гушкам сите и ви посакувам добро здравје и бескрајна љубов <3 И нека оваа вечер, мојот ОХРИД биде симбол за сите ШАМПИОНИ, и нека плови во едно подобро утре, сите да бидеме здрави <3 ВЕ САКА ВАШАТА ЈАНА:*

Сите кои што можат да помогнат, истото можат да го направат и преку уплата на сметка:

Име и презиме: Јана Арсовска

Адреса: „Ѓорче Петров“ 14г

сметка 530500010490410 – Охридска банка

дознака: донација



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 04:03