Поранешниот фудбалер во Премиер лигата, Гери Невил кој сега работи како стручен консултант во Скај Спортс, застана во одбрана на тренерот на Арсенал, Унаи Емери кого навивачите на „топчиите“ вќе почна д аго споредуваат со Арсен Венгер.

- Бесмислено е да се прават компарации меѓу Емери и Венгер. Па тој го предводеше Арсенал на само два натпревара. Точно е дека неговиот тим загуби, но видливи се промени во играта на тимот. Има уште простор да се работи на реализацијата, додека одбраната која ја демонстрира Арсенал не е видена долго време. Мора да се признае дека идеја постои. Очекувам резултатите набргу да дојдат, истакнува Невил.

Арсенал веќе в сабота ќе има шанса да ги освои првите бодови. Во рамките на 3.коло од Премиер лигата го пречекува Вест Хем.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 11:17