Македонскиот ракометен шампион Вардар го очекува настап во Франција на силен меѓународен турнир, последен пред официјалниот почеток на сезоната.

„Црвено-црните“ по вторпат ќе биде дел од овој турнир. На турнирот ќе учествува и актуелниот европски шампион Монпелје.

Екипите се поделени во две групи. Вардар натпреварите во групата ќе ги игра в петок и сабота. Дуелите за пласман се закажани за во недела. Секој ден ќе има по два натпревари, а во недела се предвидени три средби.

Група А: ПСЖ, Вардар и Мешков.

Група Б: Нант, Монпелје и Веспрем.

Вардар в петок ќе игра со ПСЖ, а во сабота со Мешков.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 11:25