Кавадарци има многу можности за еко туризам, во комбинација со грозјето, ракијата и виното, изјави денеска холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп по средбата со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Сакам да посетам многу општини и различни места од убавата Македонија, за да знам повеќе за можностите и предизвиците кои ги нудат, нагласи амбасадорот.
Јанчев истакна дека разговарале на повеќе теми, соработка, инвестиции, за грозјето, виното, ракијата и туристичкиот развој како приоритети.