Во Струмица од поднесени околу 12 илјади барања за легализација на бесправно изградени објекти комплетирани се 6.514 предмети. По нив за 3.500 се издадени урбанистиччки согласности и пресметки за надоместок, а за 3.100 веќе има издадено решенија за легализација, информираат од Одделението за урбанизам при општина Струмица.
За останатите 5.223 барања се изработуваат решенија за одбивање поради недоставување комплетни барања во законскиот рок до 30 јуни 2018 година.
Во дополнителниот рок за доставување нови барања за легализација на бесправно изградени објекти, кој трае до крајот на годината, во првите шест месеци се доставени 468 барања со комплетна документација. За 17 барања се издадено урбанистички согласности и пресметки за надоместок за легализација, а за девет се издадени решенија за легализација на бесправно изградени објекти.