Бразилскиот фудбалер Фелипе Луис го информираше раководството на Атлетико Мадрид дека сака да замине во Пари Сен Жерман, пишува шпански „АС“.

Откупната клаузула за предвремен прекин на договорот на Луисе 30 милиони евра, а ПСЖ понуди само пет милиони евра, што беше одбиено од Атлетико.

33-годишен лев бек побара дозвола да замине за Париз, особено бидејќи ќе има загарантирано место во стартниот состав, за разлика од Атлетико каде што е алтернатива на Лукас Ернандез.

Исто така Бразилецот инсистира да замине, бидејќи нема најдобар однос со тренерот Диего Симеоне во последниве неколку месеци, но Атлетико нема намера лесно да го пушти.

Бразилецот има настапувано и за Челзи, Депортиво Ла Коруња, Реал Мадрид Б, Ајакс и Фигеренсе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 14:32