Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) преку официјалната веб-страница објави дека формира Комитет за стабилизирање на ситуацијата во Уругвајското фудбалско здружение (АУФ).

Оваа мерка е поврзана со фактот дека постапката за избор на претседател на организацијата не ги исполнува барањата за транспарентност утврдени со статутите на ФИФА и КОНМЕБОЛ.

Мандатот на Комитетот ќе важи до 28 февруари 2019 година. Тој ќе биде одговорен за тековните работи на АУФ и ќе го разгледува статутот на организацијата и ќе го доведе во согласност со барањата на ФИФА и КОНМЕБОЛ.

Комитетот, исто така, ќе организира избори за новиот извршен комитет на уругвајската организација врз основа на ревидираната повелба.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 14:49