Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, уште еднаш го искритикува Месут Озил оспорувајќи ги неговите квалитетите.
- Го следам долго време и можам да кажам дека е добро покриен маркетиншки. За него е создадена слика многу подобра отколку што навистина е. Се чудам како е капитен во Арсенал. Доколку германскиот селектор Јоаким Лев барем еднаш отидеше до Лондон да види како игра, сигурен сум дека немаше да го повика за Мундијалот во Русија, изјави Хенес.
Претходно, првиот човек на баварскиот клуб го искажа своето мислење по повлекувањето на Озил од националниот тим.
- Заминувањето на Озил од германската репрезентација е добра работа. Тој со години беше како дух, рече неодамна Хенес.
Месут Озил кариерата ја почна во Шалке, потоа играше за Вердер и Реал Мадрид, а од 2013 година е во Арсенал.
За сениорската репрезентација на Германија настапуваше од 2009 до оваа година.