Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи дои 14 години денеска ќе ги одигра првите натпревари на меѓународниот турнир во Словењ Градец, Словенија.

Македонија е сместена во групата „А“ заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Русија и домаќинот Словенија.

Во Б-групата ќе играат: Бугарија, Израел, Италија, Црна Гора и на Украина во групата „Б“.

Денес Македонија ќе игра со Словенија и Хрватска, а утре со Русија и Унгарија.

Во сабота и недела се натпреварите за пласман.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 11:16